Струмичкиот партизански одред
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 13
Содржина
Вовед
...................................................................................................................2
Формирање и акции на Струмичкиот партизански
одред ...............................3
Капитулација на Бугарија и влегување на
Струмичкиот партизански одред во
Струмица.........................................................................................................4
Борби на реонот на Струмица во септември 1944
година...............................6
Ослободување на Струмичката
околија............................................................8
Заклучок
.............................................................................................................12
Користена
литература.......................................................................................13
Вовед
Македонскиот народ со векови бил под
ропство,секогаш угнетуван и измачуван. Македонија била распарчувана и делена
помеѓу соседните држави кои божемно сакале да помогнат и да ја ослободат,а
единствено заривале нож во грб, создавајки услови за грабање на поголеми делови
со кои територијално се проширувале.
Во 1944 година, се воделе борби за ослободување
на Македонија и македонскиот народ кои завршиле на различен начин од дотогаш,
со добивање на долго посакуваната и со многу крв платена слобода.
На цела територија на Македонија се формирале
единици и дивизии кои биле распоредувани да се борат во сите градови и села.
Во август 1944 година во планината Плачковица на
чело со командантот Боро Поцков Мирко, бил формиран Сртумичкиот партизански
одред од само десетина борци од 4та бригада чиј број се зголемил со минувањето
на одредот низ струмичките села.
Со капитулацијата на Бугарија, Струмичкиот
партизански одред, на бугарските единици кои се наогале во Струмица им поставил
неколку правила на однесување кои воглавно се однесувале на олеснувањето на
положбата на лугето.
На 11 септември одредот влегол во Струмица и за
прв пат по многувековно ропство Струмица била ослободена. Голема маса на народ
од градот и селата излегол да го пречека одредот и да ја прослави слободата.
Во градот била формирана Народна милиција од
доброволци која се грижела за редот и чување на јавните објекти.
Струмица по неколку дена од ослободувањето била
завземена од германски единици кои се повлекувале од Грција и пак биле водени
борби за повторно ослободување кои завршиле успешно. Исто така се воделе борби
за ослободување на струмичките села, на струмичката околија.
Формирање и акции на Струмичкиот партизански
одред
Во 1944 година,сите краишта на Македонија биле
опфатени со вооружана борба. Оваа година била исто така карактеристична и со
големите успеси во борбата проив бугарските и германските фашистички единици, и
со натамошниот развој и зацврстување на НОВ и ПОЈ во Македонија. Во пролетната
офанзива,бугарските окупатори се обиделе не само да го спречат развојот туку и
да ги уништат веке постоечќите единици на НОВ во Македонија. Но тие не само што
не успеале во тоа туку офанзивата завршила со нивна пропаст и бугарските
единици биле принудени да се повлечат од градовите со што се зголемува
слободната територија.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!